|
Волонтерски кампови
Волонтерските работни кампови се единствен облик на волонтерска работа која нуди позитивни и практични начини на собирање на млади луѓе од различни земји и различни култури, при што заедно живеат и работаат на одредени проекти кои придонесуваат за развој на локалните заедници каде се одржуваат камповите.
Видовите на кампови се многу, ...
|
|
|
|
|
|
Покана за основачко собрание на Национален младински совет на Република Македонија
Почитувани,
Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да присуствувате на основачкото Собрание на Националниот младински совет кое ќе се одржи од 28 до 30 јуни 2013 година (местото ќе бид...
|
|
|
|
| Јавна дебата „Твојот избор да биде личност“ |
|
| |
 |
Граѓанската асоцијација МОСТ, Институтот за парламентарна демократија (ИПД) и Националниот демократски институт (НДИ) во соработка со Младински културен центар- Битола Ве покануваат на дебата на тема: “Твојот избор да биде личност”. Оваа дебата е во рамките на проектот “Застапување за отворени листи”. Целта на дебатата е да го презентира проектот “Застапување за отворени листи” во рамки на кампањата “Твојот избор да биде личност”, но истовремено и да поттикне дебата, како на регионално, така и на национално ниво, околу можноста за воведување на изборен систем со отворени листи. Оваа дебата е дел од низата дебати кои ќе се одржат низ државата со цел граѓаните да се запознаат со идејата и целта на проектот.
Проектот “Застапување за отворени листи” е насочен кон подигнување на свеста кај граѓаните за предностите кои ги нуди изборниот систем со отворени листи како модалитет на пропорционалниот изборен систем. Преку системот на отворени листи, граѓаните, покрај тоа што гласаат за предложените листи на кандидати, ќе можат да гласаат и индивидуално за поединечните кандидати на листите.
Дебатата ќе се одржи на 29 февруари 2012 г. (среда), со почеток во 18:30 часот, во хотел Милениум во Битола.
|
|
|
|
|
|