Почетна За нас Партнери Контакт
Младински
Културен
Центар - Битола
 
 
   
facebook
myspace
 
ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР ГРАЃАНСКО ОПШЕСТВО КУЛТУРНА АГЕНДА БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД НФО
К А М П О В И
Волонтерски кампови 2014

Волонтерските работни кампови се единствен облик на волонтерска работа која нуди позитивни и практични начини на собирање на млади луѓе од различни земји и различни култури, при што заедно живеат и работаат на одредени проекти кои придонесуваат за развој на локалните заедници каде се одржуваат камповите.

Видовите на кампови се многу, ...

Н О В О С Т
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ:

Дури 671 социјално загрозени граѓани побараа бесплатна п...

К А М П О В И
Волонтерски кампови 2014

Волонтерските работни кампови се единствен облик на волонтерска работа која нуди позитивни и практични начини на собирање на млади луѓе од различни земји и различни култури, при што заедно живеат и работаат на одредени проекти кои придонесуваат за развој на локалните заедници каде се одржуваат камповите.

Видовите на кампови се многу, но најчесто се следните: Festival FEST (волонтерите работат на организација на фестивали), Agricultural AGRI (работа на некоја фарма или земјоделско стопанство), KIDS (работа со деца), ART (на пример ликовна колонија или уметничка фотографија), Language LANG (учење на јазик, најчесто англиски), Constructing CONS (работата вклучува градење), Renovation RENO (работата вклучува реновирање на некој објект), Disabled DISA (работа со деца или возрасни со посебни потреби), Educational EDU (камп за едукација во разни области како што се човекови права, социјални вештини), Environmental ENVI (најчест вид на камп, работа во природа, чистење, садење), Elderly people ELDE (работа со пензионери или лица сместени во старски дом).

Да волонтира може секој со добра волја и желба. Најчест услов за учество на камп е волонтерот да биде постар од 18 години, но постојат и кампови за тинејџери. Процесот на пријавување е многу едноставен и лесен. Сместувањето и исхраната е обезбедена од страна на организаторот на кампот, додека волонтерот ги покрива патните трошоци до местот на одржување на кампот.

МКЦ-Битола како Волонтерски центар на Македонија е единствена национална канцеларија, признаена од двете најголеми мрежи кои работат на организација на меѓународни волонтерски кампови SCI (Service Civil International) и The Alliance, за администрирање на краткорочните волонтерски размени од Македонија.

Одберете еден од 3000 кампови низ целиот свет и поминете едно незаборавно лето.

Повеќе информации на mkcbt@t-home.mk