Почетна За нас Партнери Контакт
Младински
Културен
Центар - Битола
 
 
   
facebook
myspace
 
ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР ГРАЃАНСКО ОПШЕСТВО КУЛТУРНА АГЕНДА БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД НФО
К А М П О В И
Волонтерски кампови

Волонтерските работни кампови се единствен облик на волонтерска работа која нуди позитивни и практични начини на собирање на млади луѓе од различни земји и различни култури, при што заедно живеат и работаат на одредени проекти кои придонесуваат за развој на локалните заедници каде се одржуваат камповите.

Видовите на кампови се многу, ...

Н О В О С Т
Покана за основачко собрание на Национален младински совет на Република Македонија

 

Почитувани,

Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да присуствувате на основачкото Собрание на Националниот младински совет кое ќе се одржи од 28 до 30 јуни 2013 година (местото ќе бид...

Н О В О С Т
Младите учат за функцијата на јавните институции

Во рамките на клубот на средношколци „Локални младински иницијативи (ЛМИ)“ при МКЦ – Битола во периодот 10 – 12 април 2012 година ќе се реализира јавен настан под мотото „Преку прагот“

Јавниот настан е иницијатива комплетно осмислена и планирано да биде спроведена од младите средношколци – членови на овој клуб со цел промоција и поттикнување на активно младинско учество во општествените процеси на локално ниво.

Идејата за настанот произлезе од констатацијата дека апатијата кај средношколците, непознавањето и незаинтересираноста за состојбите во локалната заедница резултираат со недоверба кон локалните институции. На национално ниво, постојат податоци дека само 16,5 % имаат посетено државна или општинска институција.

„Преку прагот“ е иницијатива која ќе им овозможи на група млади луѓе од средните училишта во Битола да посетат некои од јавните институции во градот: народниот правобранител, основен и апелационен суд,  биро за развој на образованието, државен просветен инспекторат,  МВР Битола и директно да се запознаат со нивната работа и начинот на функционирање. 

Во рамките на оваа неколкудневна активност, во просториите на МКЦ- Битола на ул. Цар Самуил 29 на10.04.2012 и 12.04 2012 година со почеток во 12.00 часот ќе се организираат јавни настани (дебата и симулација) со средношколците вклучени во иницијативата, со цел споделување на предизвиците и искуството од овие посети со публикатата. Ве покануваме да бидете наши гости на настаните.