Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) е младинска непрофитна граѓанска организација основана во 1997 година, а официјално регистрирана во 1999 година. Во долгогодишниот континуиран развој на Центарот вложени се многу енергија и средства за ефикасно функционирање на полето на развој на културни, младински и волонтерски програми. Во периодот од 2001-2004 година МКЦ-Битола реализираше тригодишна програма за институционално и програмско јакнење поддржана од Европската Културна Фондација и ФИОО-М – Култура Нова. Со тој процес и со континуирано вложување во надградба на вештините и потенцијалите на своите членови, МКЦ-Битола прерасна во една од водечките младински организации во Битола и Република Македонија. Исто така, имплементиравме двегодишна програма 2006-2008 за поддршка на лидерските НВОи финансирана од USAID за развој на Национален Волонтерски центар на Македонија. Во 2010 година годишната програма на МКЦ-Битола е поддржана со институционален грант од ЦИР-а и SDC во рамките на програмата Civica Mobilitas за Република Македонија. Ние се гордееме со нашите резултати во подигањето на вештините и потенцијалите на нашите членови и корисници во изминатите 13 години.
Објектот во кој е лоциран МКЦ-Битола е стара репрезентативна куќа, заштитен споменик на културата, во старото градско јадро на Битола. Објектот има 350м2 корисен простор, а неговото реставрирање, реконструкција и адаптација беше поддржано со фондови на Фондацијата Крал Бодуен, ФИОО-М, Светска Банка и Министерството за култура на РМ во вкупен износ од 150.000 УСД.
ВИЗИЈА
Развиено демократско општество во кое младите се носители на прогресот.
МИСИЈА
Обединување и развој на креативните потенцијали на младите и поттикнување на граѓанскиот активизам.
ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ
- Развој на волонтерството и неформалното образование
- Развој на демократското и граѓанското општество
- Развој на урбаната култура и продукција
ЗАДАЧИ
- Одржлив развој на Волонтерски центар на Македонија
- Подобрување и јакнење на вештините кај младите
- Поддршка и потикнување на граѓански иницијативи и кампањи
- Поддршка и афирмација на урбаната култура
ПРОГРАМИ
- Волонтерство и неформално образование
- Граѓанско општество
- Култура
Персонал
Директор: Сашо Додовски saso@mkcbt.org.mk
Извршен директор: Златко Талевски zlatko@mkcbt.org.mk
Програмски директор: Мери Нашоку meri@mkcbt.org.mk
Програмски менаџер: Маја Ангеловска maja@mkcbt.org.mk
Менаџер на администрација: Дејан Додовски dejan@mkcbt.org.mk
Координатор за финансии и логистика: Катерина Калешковска katerina@mkcbt.org.mk
Програмски асистенти: Ивона Крстевска ivon@mkcbt.org.mk
Александар Тодоровски aleksandar@mkcbt.org.mk
Управен одбор 2009/2011
Игор Томески – Претседател igor@mkcbt.org.mk
Николче Ацевски
Маја Живковски
Златко Ќурчиевски
Александар Марковски
Надзорен одбор 2009/2011
Игор Дамјаноски – Претседател igord@mkcbt.org.mk
Анета Шијакова
Анастас Ангелов