МКЦ - Битола е сместен во објект кој е дел од културното наследство на Битола со површина од 360 м2 и располага со следните капацитети:
- Професионално музичко студио;
- Младинско бифе;
- Сала за работилници, презентации, изложби концерти, куклен театар и друго;
- Канцеларија за волонтерски сервис;
- Административен дел
Технички можности:
- Компјутерски центар
(Почетни и напредни курсеви за Windows, Corel, C++, и друго)
- Видео и аудио опрема
(Можности за музички проби и снимки во професионално студио, аматерска уметничка фотографија и изработка на дикументарни и уметнички филмови)
- Професионална звучна и светлосна опрема
(Озвучување и осветлување на културни и други манифестации)
- Опрема за проекции
(Видео проектор и платно)
Логистика
Искусен менаџерски тим кој ќе ве воведе во вештините на организациониот и културниот менаџмент. Вмрежувања, партнерства и размена со други организации во земјата и во странство
|