БОГ 2002
  БОГ 2003
  БОГ 2004
  БОГ 2005
  БОГ 2006
  БОГ 2007
  БОГ 2008
  КОНТАКТ
БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД 2002
ПРВО ИЗДАНИЕ

 

Во 2002 година, Младинскиот Културен Центар - Битола, организираше рок концерт. Тоа беше првиот чекор кон Битола Отворен Град. Долгорочната цел на проектот беше да се организира годишен Балкански Музички Фестивал во Битола.

 
     
 

Целта на проектот беше:

  • Да се организира рок хепенинг и да заживиее годишниот младински рок хепенинг.
  • Да се отстрани чувството на недоверба, и да се охрабри една атмосфера на соработка кај младината од различните етнички групи во Битола.
  • Да се соберат 5000 млади луѓе околу еден културен настан.
  • Да се рашири пораката за толеранција во заедницата во Битола.
  • Да се иницира установа на младата НВО мрежа во земјата и пошироко во регионот, која во иднина ќе може да се приклучи во Рок Фестивалот.

Концертот беше одржан во Диско клубот Swing La Cinema. Рок групи кои настапија беа: Промашена инвестиција, Памперси, Бла Бла Бла..., Сет, Ристо Вртев (Архангел), Last Expedition, Кисмет.

 
     
 

 

Избраните рок групи го изразија мултикултурниот карактер на Република Македонија, а настапот на рок групите од Грција ја претставија интернационалната ориентација на овој настан во следните години.

Овој настан беше организиран во соработка со партнерските организации, членки на Европскиот Центар за малцински прашања - регионалните извори на НВО центарот од Битола. Асоцијацијата за отворени комуникации групата Феликс, Асоцијацијата на турците - Челебија и Унијата на Албанските жени од Битола. Важниот дел на проектот Битола Отворен Град беше основањето на Младинската НВО мрежа во Македонија - Младински мултикултурни иницијативи кои ги вклучуваат: Младински Културен Центар - Битола, Мултикултура - Тетово, Медиа Артес - Охрид, Милениум - Врапчиште, Гостивар, Лоја - Тетово, Мајка Младински Актив - Куманово, Прокултура - Скопје, Ади - Гостивар. Овие НВОи зедоа за обврска да работат на јавни проекти кои ќе ја засилат соработката на НВО секторот во регионот, посветени на идеата за  мултикултурализам.

 


HOMEPAGE

ПРОЕКТИ
ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС
БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД
РЕВОЛУЦИЈА
ЗА НАС