БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД 2004
ТРЕТО ИЗДАНИЕ

|
Третото издание на Фестивалот беше реализирано во периодот од 25 до 28 август 2004. За време на Фестивалот, бевме домаќини на артисти од Македонија, Србија и Црна Гора (ДЈ Марко Настиќ), Бугарија (Аквариум), Франција (графити), Албанија (Афтер). Низ интернационалната уметничка изложба Но Бордерс голем број на други земји беа презентирани на Фестивалот. Првата идеа за рок хепенинг беше зачувана и овој пат настапија 6 рок групи: Архангел, String Forces, Two Sides, Паркети и Афер. Исто така бевме домаќини на македонски и српски DJ-и. На овие музички настани можеме да ги додадеме и театарските изведби, жонглерите, пантомимичарите, графитите и мутимедиските перформанси.
За прв пат оваа година беше организиран интернационален волонтерски камп со цел волонтерите да се вклучат во логистиката на Фестивалот. Кампот беше пропратен со едукативни и креативни работилници кои резултираа со уличен перформанс кој беше изведен во рамките на фестивалот.
Вкупниот број на анимирани млади луѓе беше околку 8000.
|