Во 2005, го имавме и четвртото издание на Фестивалот од 21 - 25 август. Беше задржана истата концепција на млади артисти кои преферираа суб-културно и алтрнативно актерско искажување. Имавме изложби на карикатури и фотографии, но и улични театарски и музички перформанси изведби, DJ-и, рок групи, body art... Имавме артисти од Србија и Црна Гора, Македонија, и изведувачи од други 15 земји како: САД, Јапонија, Англија, Франција, кои се претставија преку нивната работа, па дури и артисти кои не беа физички присутни.
12 волонтери од Хрватска, Македонија, Србија и Црна Гора, Англија, Данска, Франција, Јапоноија, САД во Младинскиот Камп имаа логистичка работа на Фестивалот. Кампот беше пропратен со едукативни и креативни работилници кои резултираа со уличен перформанс кој беше изведем во рамките на фестивалот.
|