Од 27-30 август 2008 година ќе се одржи седмото издание на фестивалот “Битола отворен град 2008” во организација на Младински културен центар - Битола

Програма
Среда 27 август 2008
11:30 ч.
Прес конференција х. Амбасадор
11:55 ч.
Меѓународна изложба на уметнички фотографии “Faces”- Широк сокак
22.00 ч.
Владимир Василевски - Четкар х. Амбасадор ноќен клуб
Четврток 28 август 2008
20.00 ч.
Меѓународна изложба на маил арт “АРТ 21” - Магаза
21.00 ч.
Меѓународна ревија на краток видео-анима филм - Магаза
22.30 ч.
Breakdown концерт кафе бар Instict
Петок 29 август 2008
20.00 ч.
Меѓународна изложба на карикатури “Dream” - блокирана улица, пешачки премин кај х. Епинал
21.00 ч.
Fresh Union Reggae Snow Street Parts со OLSS & Carib – Crew Rootboy Selector, Милчо Пипин & Дадони (трумпет) (отворена улична реге журка помеѓу Игуцхи и Симбол)
22.00 ч.
Спанк и Дојка концерт - Фонтана кај Музеј
Сабота 30 август 2008
11:55 ч.
Волонтерски перформанс “Newspaper theatre” двор на МКЦ- Битола ул. Цар Самуил 29
20.00 ч.
Музички хепенинг Ракометно игралиште
Суперхикс - Скопје, Македонија
Аутогени Тренинг - Подгорица, Црна Гора
Dosh Lee- Загреб, Хрватска
Пумперс - Битола, Македонија
----------------------------------------------------
Основната идеја на овој проект е да се соберат сите млади луѓе од Македонија, Балканот и цела Европа со цел да ги презентираат своите уметнички потенцијали и вештини. Концептот на проектот Битола Отворен Град е да го отвори градот кон светот, кон различните уметнички форми и интернационалната соработка. Во таа смисла, Битола може да стане место каде ќе се среќаваат млади луѓе, ќе стекнуваат нови пријателства и каде ќе можат да бидат амбасадори на добрата волја. Целта на Фетивалот е да им овозможи на младите и големи таленти да ја покажат својата работа, пред новата публика надвор од границите на институциализираните културни излези.
Ние силно веруваме дека поголемото познавање на другите култури е добар преуслов да се премине преку сите предрасуди. Уште повеќе, со добрата понуда на разни видови на настани сакаме да го размрдаме градот од монотонијата и да ја пополниме празнината токму преку правењето на вакви алтернативни културни настани.
Кон тоа, сакаме да ги искажеме и нашите напори во процесот на децентрализација, да продолжиме со ваквото собирање на млади луѓе далеку од престолнината и да ги презентираме алтернативните центри на културата на оваа земја.
Основниот концепт на Фестивалот е да ги промовира, не комерцијалните, туку алтернативните форми на уметноста на алтернативните отворени сцени, на улиците, многу блиску до луѓето. Овој аванд гарден концепт покажа голем успех, судејќи по реакцијата на публиката и бројот на присутни на тие настани.
Целите на проектот
Основната цел на проектот е да допринесе за промовирањето на Битола како отворен град со традиција на мултикултурализам и центар на прогресивната младина на Балканот.
Краткорочната цел на проектот е да иницира и да овозможи културна размена на млади луѓе од регионот на Југоисточна Европа и да им даде можност на младите и големи уметници да ја покажат својата работа.
Долгорочната цел пак е да креира годишен младински фестивал, кој ќе соедини многу млади луѓе од балканскиот регион и од светот, како главен настан на кој ќе се промовираат креативни изрази, слобода на движење, интеретнички и интеркултурни соработки и колаборации и силата на работата на НВО во областа на малдите и културата.
Оправданост на проектот
Во последните неколку години бројот на културни случувања во Битола, во чиј центар се младите, се губи и стагнира. Ова е наспроти тоа дека Битола е град со богата културна историја. Младинскиот Културен Центар - Битола низ константни контакти со неговите членови и младите од градот, го има идентификувано чувството на празнина меѓу младите луѓе од Битола и ограничените културни активности, кои моментално се нудат тука.
Првичната идеја беше дека настан од овој тип ќе го забрза процесот на трансформација на затегнатата атмосфера во Битола која е резултат на немилите настани од 2001 год. кога имотите на граѓаните од муслиманска припадност беа изорени и уништени. Фестивалот создаде една релаксирачка атмосфера во градот, која помогна во нивната реинтеграција, како во социјалниот така и во културниот живот на градот. Важноста на ваквата атмосфера треба да се нагласи, во светлото на фактот дека лутата маса беше создадена од млади луѓе исполнети со гнев и негативна енергија. Ние пробавме да ја промениме таа енергија преку отворање на градот со музика и јазик кој не е ограничен од народот или религијата, да ја намалиме недовербата помеѓу луѓето сменувајќи го затворениот гнев во позитивно креативна енергија. Во правец на проектот наречен “Културен Излез” направен од страна на МКЦ во 2001 год, 330 млади луѓе од различни националности беа анкетирани за нивната наклоност кон поедини музички правци и сл. Резултатите од анкетата ја покажа потребата од збогатување на културните опции достапни во градот, како можност да се создаде можноста за позитивното самоискажување кај младите.
Проектот наречен Битола Отворен Град е можност за отворање на градот за културни и економски случувања. Проектот цели кон тоа да ја отвори Битола кон новите трендови во урбаната култура за младите, не само во Македонија туку и во балканскиот регион, па и во светот. Уметноста е употребена како јазик кој ги соединува младите од различни народи, религии и национални позадини. Фестивалот ги промовира вредностите на мултикултурализмот и почитта кон друга култура, кои живееле едни покрај други и кои коегзистирале во овој регион многу долго време. Тоа е средство за кршење на стереотипи, за различните народи и култури, кои беа промовирани на најважниот медиум, и кое ќе го возвиши позитивниот допринос на различните култури во богатата култура на Македонија и Југоисточна Европа. |