РАБОТЕНИ ПРОЕКТИ
  ПРОЕКТИ ВО ТЕК
 
    URBAN DRIVE 2
    ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА
    КОРИДОР 8
    RIVER SEE

 

КОРИДОР 8

 

Проектот е во тек

Водечка мрежа - SEEYN
Останати вклучени мрежи -  BHRN, SEENAPB
Земји од регионот вклучени во проектот
- Албанија, Бугарија, Македонија

Пан-Европскиот транспортен коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Македонија и Албанија и ги поврзува руско-грузиското Црно Море и италијанско-јадранските порти, обезбедува можност за проширување на регионалната соработка, согласно со официјалната декларација потпишана од страна на земјите вклучени во овој проект.
Во плановите е вклучена изградба на автопат и железнички патишта, изградба на нафтовод и гасовод, со што подолгорочно ќе се задоволат потребите за енергија и во подоцнежната фаза спроведување на телекомуникациони кабли. Коридорот  започнува од портите на Црното море во Бургас и Варна, поминува низ Софија, Скопје и Тирана и завршува во Албанските јадранските води во Драч и Валона, преку бугарските пристаништа ќе ја поврзе Европа со Централна Азија и Кавказ. Во 2007 година, за кога е планирано Бугарија да се приклучи кон Европската Унија, западниот брег на Црното море, ќе биде источна врата на Европа, но засега на Италијанските пристаништа на Бари и Бриндизи се  гледа како на пристаништа кон ЕУ. Се претпоставува дека трошоците за транспорт на нафта во Европската Унија, значително ќе се намалат со конструирањето на нафтоводот кој ќе поминува низ коридорот.
Проектот е во различни фази на конструкција но неопходно е да се споменат  неколку факти:

  • Сеуште нема изградено железница која ќе ги поврзува Бугарија и Македонија, како и Македонија и Албанија.
  • Единствениот автопат во Албанија, долг 38.6 км се уште е во изградба
  • Проектот за реконструкција на пристаништето во Драч  на пример, привремено е блокиран, заради грчките нафтени станици изградени во рамките на пристаништето.
  • Капацитетот линиите за пренос на електрична енергија помеѓу земјите вклучени во проектот е под 400 MW.
  • Постоечките гранични премини, бараат реконструкција и изградба на нови карго терминали.
  • Нивото на меѓусебна соработка на граѓанските сектори во земјите вклучени во проектот е релативно ниско, дури и во споредба со останатите т.н. “жешки” линии на Балканот како што се: Србија - БиХ - Хрватска или Бугарија - Грција -Турција.

Главни цели на проектот: Генерална цел на проектот е забрзување на изградбата и развојот на Коридорот 8, кој ќе биде траса за понатамошна економска, културна, социјална и политичка соработка, превенција од конфликти и интер-културен дијалог.
Цели на тековниот предлог проект:
Да се охрабрат  соработката и контактите помеѓу земјите вклучени во проектот во полето на:

  • Медиумите
  • Младите
  • Околината
  • Волонтерска размена
  • Економски развој
каде главни партнери ќе бидат: невладините организации, позначајни медиуми, универзитетите, тинк.танк, општините покрај Коридорот и  членови на парламентите.

 

 


HOMEPAGE

ПРОЕКТИ
ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС
БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД
РЕВОЛУЦИЈА
ЗА НАС