Проектот е во тек
Музичкото ЦД URBAN DRIVE VOL 2 е продукција на МКЦ - Битола и е поддржано од фондот за културна програма на Швајцарска амбасада во Македонија, Про Хелвеција.
ЦД-то е компилација од 18 музички проекти на групи и поединци од Битола, втор чекор кон целта, придвижување на битолската музичка сцена, нејзино откривање, анимирање и активирање во еден креативен процес на снимање и продукција.
Издавањето на ова ЦД е еден од ретките ентузијастички чекори со некомерцијален карактер и е доказ за постоењето на креативна моќ кај битолските музичари, како поединци и како тим. 
|