ЗА ПРОЕКТОТ
ЗА НАС
ВОЛОНТЕРИЗАМ
 

КРАТКОРОЧНО ВОЛОНТИРАЊЕ
 

ДОЛГОРОЧНО ВОЛОНТИРАЊЕ
 

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН
  ПРИКЛУЧИ СЕ


ВОЛОНТЕРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА


КАМПАЊИ И ВОЛОНТЕРСКИ АКЦИИ
ПРОЕКТИ
НОВОСТИ
ЛИНКОВИ

 

 

ДОЛГОРОЧНО ВОЛОНТИРАЊЕ

Што е тоа долгорочно волонтирање?

Долгорочно волонтирање е размена помеѓу волонтерот, кој нуди дел од своето време и енергија на проекти од општ интерес, и земјата домаќин која му нуди на волонтерот место каде што може да учи, експериментира и усовршува.

Волонтерската услуга е активност со полно работно време. Волонтерите се вработени, а не примаат плата туки платени им се сите трошоци (храна, сместување и пари за живот). Волонтирањето не е начин да се заработат пари, туку да го збогатат волонтерот на еден поинаков начин и истовремено проектот да биде збогатен преку неговото искуство. 

Долгорочното волонтирање

  • е опшествен и педагошки проект отворен за секој млад човек ;
  • е средство за локален развој: младиот волонтер ќе учествува активно во проектите за локален развој ;
  • е ново искуство за младите луѓе ;
  • е ефикасен начин за стекнување на неформално образование ;


Потекло на долгорочниот волонтерски сервис

За да се разбере подобро смислата на волонтерскиот сервис денес, добро е да се вратиме малку во минатото. . .

Интернационалните волонтерси програми се чест одговор на потребите на  луѓето и општеството во целина.

Се започна во Франција во дваесетите години. Група на млади луѓе од различни европски земји се собраа заедно и реконструираа куќи уништени за време на Втората светска војна. Идејата беше, оваа интернационална група за помош на луѓето да  го избрише ужасите на војната и да промовира мир  и заедничко разбирање. Тогаш беше создадена  организацијата Младинска акција за мир (www.yap.org) или Интернационален граѓански сервис.
Денес многу интернационални работат на развојот на волонтерскиот сервис. Во 1948 UNESCO го основа Координациониот одбор за интернационален волонтерски сервис (КОИВС) www.unesco.org/ccivs. Двете најпознати Европски организации, Европската комисија www.youth/program/sos/vhevs и Советот на Европа www.coe.org почнаа да инвестираат во овој сектор во деведесеттите години. 

ЗОШТО  ДА ВОЛОНТИРАТЕ ВО ДРУГА ЗЕМЈА? 

Дали сте почувствувале дека вас не ве привлекува светот на потрошувачката култура и работата во таканаречените компании? Дали сте посакале да направите нешто надвор од секојдневната рутина учење, работа и одмор? Волонтирањето надвор од Македонија претставува излез од склопените начини на размислување и пат кон нови ИСКУСТВА .. .

Ако сакате искуство кое  нема да биде еднострано како туристичкото запознавање на светот, волонтирањето во друга земја ви пружа прилика да направите нешто за возврат на домаќините, да го запознаете животот онаков каков реално е  и да направите нешто корисно за заедницата. Покрај тоа ви останува многу слободно време за за познавање на локалните и националните знаменитости.

Постојат повеќе програми за долгорочно волонтирање. Сите овие волонтерски размени се остваруваат преку повеќе младински програми, односно мрежи и организации. Еве само неколку од нив:

SEEYN е нешто за кое мора да се знае! www.seeyn.org Младинска мрежа на југоисточна Европа претставува обид за надминување на разликите помеѓу општествата кои имаат традиција на конфликти преку доведување на млади луѓе од целиот југо источен регион на Европа да работаат заедно. СЕЕЅН има важна улога при постигнувањето на главните цели како што се мир, стабилност и демократски развој на регионот. Идејата младите луѓе да бидат идни водачи на општеството е основа на мрежата. Овој пристап е долгорочен во својата ориентација и потребен е голем напор за да се оствари. Она што е посебно важно е еднаквото претставување на сите различни нации во процесот како и неутрално и независно третирање на иницијативите што доаѓаат од различни земји. Ако младите луѓе се оспособат да ги поддржуваат иницијативите едни со други, внимателно да ги слушаат соработниците од другите земји и искрено да се прават напори да се разбираат еден со друг, ќе може да се создаде силна регионална мрежа со заеднички интереси. Единствениот начин да се надмине вродената омраза и нетолеранција е да се работи на координација со луѓе кои имаат исти цели. Поради тоа, младинската соработка е чекор кој може да направи многу други да го следат овој пример  и да ги решат насобраните проблеми. Членки на SEEYN од Македонија се МКЦ- Битола и ДЕМ- млади.

Исто, мораме да кажеме нешто за Сојузот на организации на волонтерски сервис - СОВС кој се бори против бериерите на интернационалниот волонтерски сервис и се обидува да најде решение за да се подобри неговата функција.

EVS – European Voluntary Service е проект финансиран од Европската комисија. Дава можност на младите луѓе од 18 до 25 години да бидат долгорочни волонтери на 3 месеци па се до 1 година во државите кои се членки на Европската Унија, работејќи на одреден проект. 

UNV / UNDP RIVER SEE (– United Nations Volunteers / United Nations Development Program Regional Integration Through Volunteers Exchange for Reconciliation In South Eastern Europe) е најнова иницијатива за размена на волонтери Исток- Исток. Дава можност на млади над 18 години и НВОи, кои сакаат да бидат волонтери т.е лонг терм волонтери на 3 - 12 месеци во една од балканските земји (Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Романија, Албанија и протекторатот Косово). Оваа програма е малку поразлична од другите европски програми за долгорочна размена на волонтери во тоа што нема потреба да имате организација која ве испраќа (сендинг организатион). Сé што треба да направи волонтерот е само да го посети веб сајтот www.riversee.org и да го пополни прашалникот кој е многу едноставен и јасен. Од друга страна НВОите можат да поднесат предлог проект за примање на волонтер. Веб страната е на англиски но прведена е и на сите јазици во регионот.

Се до денес, МКЦ - Битола беше домаќин на 3 долгорочни волонтери и тоа два од Франција и еден од Србија и Црна Гора.

     
     

 


HOMEPAGE
ПРОЕКТИ
ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС
БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД
РЕВОЛУЦИЈА
ЗА НАС