Младинскиот културен центар - Битола (МКЦ - Битола) започна со реализација на проектот Волонтерски центар на Македонија финансиран од Институтот за трајни заедници, во рамките на програмата Јакнење на граѓанското општество на Македонија.
Во рамките на проектот, предвидено е канцеларијата на МКЦ - Битола во наредните две години да функционира како Волонтерски центар на Македонија при што ќе работи на следниве тековни активности: координатор на размена на локално, регионално и интернационално ниво, организатор на работни и едукативни кампови низ Р.Македонија, едукација на волонтери и консултативни услуги на други НВОи, соработка со други локални и интернационални организации што промовираат слични вредности, формирање на база на податоци за волонтери и институции кои имаат потреба од волонтери и подготовка и одржување на веб страна, лобирачки активности и сл.
Целта на проектот „Волонтерски центар на Македонија“ е придонес во промовирањето на нови партиципативни начини на влијание на граѓаните во развојот на заедниците со волонтерски ангажман кои водат кон подобрување на нивниот квалитет на живот. Целна група се млади од 17 - 35 години и институциите надлежни за донесување на законската регулатива за волонтерството, локалните заедници каде има волонтерски инфо точки, НВО и локалниот бизнис сектор. Активности на проектот се: поставување и функционирање на Волонтерски центар, (кампањи, промоција на Волонтерски центар и волонтерски инфо точки и вредностите на волонтерство), активности на терен и медиумска кампања за покренување на иницијатива за законско регулирање на волонтерството.
Волонтерски инфо точки:
- СППМД - Кавадарци
- Младински Едукативен центар - Делчево
- Младинска алијанса - Тетово
- Младински совет – Охрид
- Толерантна младина - Дебар
|