Секој може да биде волонтер, потребна е само добра волја и малку слободно време.
Волонтеризмот не е евтина работна сила, туку сила која што креира и развива!
Волонтирањето е непрофитна активност со која поединците преку своето залагање придонесуваат за добросостојбата на своите блиски, локалната заедница и целото општество. Воедно, преку својата работа стекнуваат богато искуство и нови знаења кои понатаму можат да ги искористат во својот личен и професионален развој.
Кој?
Секој може да биде волонтер, потребна е само желба и позитивна енергија.
Каде?
Секаде каде може да те одведе твојата мисла...
А) Во невладина организација
Б) Во хуманитарна организација
В) Во локална заедница
Г) Во јавна институција
Зошто?
1) Љубопитен си?
2) Сакаш да си корисен?
3) Сакаш да ги подржиш развојните процеси во твојот регион?
4) Сакаш да инвестираш во сопствените развојни процеси?
5) Сакаш да патуваш?
6) Сакаш да се дружиш?
7) Сакаш да научиш нешто ново?
8) Сакаш да излезеш од секојдневието?
9) Имаш вишок енергија?
10) Сакаш да работиш?
КАКО МОЖЕ ДА ВОЛОНТИРАМ?
Најпрво можете да работите како волонтер на некој специфичен проект во НВО и тоа во временски интервал од неколку часови па се до неколку денови. Можете да волонтирате краткорочно и тоа во некој волонтерски камп и долгорочно во НВО во друга земја на одреден проект.
За сето ова можете да најдете информации на линковите или да се обратите во некоја од канцелариите на Волонтерскиот сервис на Македонија.
Едукација
Како волонтер добивате можност да запознаете нови луѓе, да стекнете искуство и да добиете неформална едукација од организациски менаџмент, волонтерски менаџмент, камп лидерство, работилници за пишување на CV и мотивационо писмо, за однос при интервју за вработување, работилници за млади оратори, психосоциолошки- креативни работилници, работилници за куклен театар со сенки и марионети, оригами работилници итн.
Разликите помеѓу краткорочно и долгорочно волонтирање :
|
 |
Краткорочно волонтирање (работен камп) |
| |
|
|
Долгорочно волонтирање
(вол. размени) |
 |
| |
|
Временски период од 10 до 30 дена. |
 |
| |
|
Временски период од 3, 6, 9 или 12 месеци. |
|
 |
 |
| |
|
Групно организирање на слободното време, работа, сместување, јадење (група од 10 до 25 луѓе). |
|
 |
 |
| |
|
Повеќе индивидуален живот, свој стан или соба, работа во организацијата. |
|
 |
 |
 |
| |
|
Волонтерите ги плаќаат патните трошоци, постои точно дефиниран проект со точно одреден временски период. |
|
 |
 |
| |
|
На волонтерите им се платени сите трошоци (храна, сместување и други индивидуални трошоци), има определен проект, но волонтерот може да работи на повеќе проекти кои ги развива и води, во соработка со организацијата. |
|
 |
 |
 |
| |
|
Развој на локалната заедница, стекнување на вештини, разбивање на предрасудите и интеркултурно учење за краток временски период. |
|
 |
 |
| |
|
Зголемување на капацитетите на НВО-и и волонтерите, лично усовршување, разбивање на предрасудите и интеркултурното учење во подолг временски период и многу повеќе интерактивност со земјата домаќин. |
|
 |
|